Орце и Ана Камчеви утре во судница ќе сведочат за случајот „Рекет“.
Сведочењето на Камчеви е по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Бојан Јовановски- Боки 13 е обвинет за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Катица Јанева пак, е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Зоки Милевски- Кицеец е веќе осуден за „Примање награда за противзаконито влијание“.