Во вечерашното издание на “Само интервју” гостуваше новинарот Сашо Ордановски, кој зборуваше за моменталната владина гарнитура, политичките случувања во државата, како и за позициите на двете најголеми политички партии во Република Македонија.
Според Ордановски, најголем профитер од овие избори е ДУИ која ненамерно поради неизлезноста на македонските гласачи, освои најмногу пратеници на парламентарните избори. Исто така Ордановски посочи дека ќе има искрења и недоразбирања помеѓу СДСМ и ДУИ поради нивните недорасчистени сметки од минатиот мандат, како и поради барањата во новиот мандат.
“СДСМ ќе има проблем, искрено не верувам дека ќе го завршат мандатот како што планираат. Ќе имаат проблем и внатре во коалицијата, но и со ВМРО-ДПМНЕ кој полека се активира и реагира на секој потег на власта. Исто така, еден од потенцијалните проблеми е однесувањето на Артан Груби, кој декларативно побара субвенции само за Албанците”, вели Ордановски.
СДСМ одигра прилично паметно со албанскиот блок и придоби голем број на гласови, иако можеби и не очекуваа толку. СДСМ е мултиетничка партија сега и кога станува збор за бројот на гласачи, не можеме да бидеме секогаш сигурни, бидејќи не знаеме чиви гласови ќе легнат на контото на СДСМ, истакна Ордановски.