Водачот на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами-Оки кој беше застрелан во Грција, заедно со лицата со кои бил во Грција требало да се вратат во Македонија вчера, дознава „Фокус“ од доброинформирани извори.
Во Грција, пишува Фокус, останале уште еден ден плус бидејќи полицијата пред неколку дена им ги земала регистерските таблици.
Таблиците им биле земени поради прекршок, иако ја платиле казната, сепак полицијата не им ги вратила таблиците, па наместо вчера доаѓањето од Грција каде биле 14 дена, го одложиле за денеска.
Како што неофицијално пишува Фокус, двете маскирани лица прво пукале кон ресортот каде бил сместен Бајрами, потоа влегле внатре и испукале еден куршум во грб кон Бајрами, неколку куршуми во стомакот и раката на Сеад Слезовиќ кој е во болница.