На денешната седница Владата за директор на АД Македонски железници – Транспорт го назначи портпаролот, воедно и член на Централно претседателство на Алтернатива, Орхан Муртезани.
Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘‘Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.
Во јавноста, исто така, е познат и како млад интелектуалец преку бројните телевизиски настапи, анализи и колумни објавени во разни списанија, весници и разни електронски платформи во земјата.