Оризопрозиводителите од кочанско најавија протест на 23. февруари. Тие ќе го блокираат патот Штип-Кочани. Иако на ресорното министерство и Платежна агенција им дадоа рок до понеделник за исплата на субвенциите, сепак не веруваат дека парите ќе им легнат на сметките.
Оризопроизводителите велат дека субвенциите им требаат пред стартот на сеидбата, кога трошоците им се големи. Исто така забележуваат дека откупувачите печалат многу на нивната мака, го зимаат за 40 а го продаваат од 70 денари до 120 денари за килограм.
Праќаат апел до водостопанство Брегалница каналите да се исчистат на време, за да не се случи доцнење на сеидбата на одредени делови во кочанското поле.