петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оризопроизводителите повторно на протест

Оризопроизводителите повторно на протест

Соочени со тешката финансиска состојба предизвикана од ниските откупни цени на познатиот кочански ориз, од секојдневните зголемувања на цените на репроматеријалите, на ѓубривата како и од високите цени на нафтата, а од друга страна замрзнатите цени на оризот од страна на Владата, оризопроизводителите се најдоа во безизлезна ситуација и повторно се принудени својот гнев да го изразат преку протести, вели Левица.

„Долгогодишната негрижа на државата за сопствениот бренд, познатиот кочански ориз, како и неконтролираниот увоз на ориз од странство, доведе до тоа посеаните површини од година во година да се намалуваат и полињата во општините Кочани и Чешиново – Облешево да остануваат необработени.

Левица, како партија на работниот народ, застанува со целосна и безрезервна поддршка на земјоделците и оризарите кои преку протести бараат да бидат слушнати од надлежните институции, со цел домашниот ориз да биде заштитен од нелојалната конкуренција од странство, и цените да бидат реални, односно трудот на оризарите да биде реално платен“, се вели во соопштението.

Најнови вести