среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОРСЕИ: Албанците во Македонија треба да имаат државотворен статус

ОРСЕИ: Албанците во Македонија треба да имаат државотворен статус

Организацијата за Регионална Соработка и Европски Интеграции (ОРСЕИ), се изјасни позитивно за референдумот кој ќе се оддржи во Македонија за договорот со Грција, за прашањето за името, пренесува новинската агенција на албански јазик ИНА.

Како што пишуваат на ИНА, ОРСЕИ сметаат дека со успешниот референдум ќе се отвори евро-атланската перспектива за македонските граѓани. Оваа организација ја потенцира важноста на временскиот период по референдумот, во кој се очекува да се отвори процесот на уставни промени.

-Веќе е крајно време и момент Уставот на Македонија да гарантира демократска држава,  која ги почитува сите права на грашаните, без разлика на етничката и верската припадност. Со уставните промени треба да се регулира и статусот на Албанците, кои  сочинуваат околу 30% населението и кои силно придонесуваат државниот буџет, се потенцира во реакцијата на ОРСЕИ.

Оваа организација бара, албанските партии со помош на меѓународната заедница да бараат јасно дефинирање на албанскиот народ и на албанскиот јазик во Уставот на бржавата.

-Во Уставот на Република Македонија мора да стои дека македонскиот јазик со неговото кирилично писмо и албанскиот јазик со неговото латинско писмо, се службени јазици на Република Македонија. Исто така државните симболи треба да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката еднаквост.

Исто така се бара за време на исполнувањето и подобрувањето на најголемиот правен акт да се обезбеди социјална и економска еднаквост на сите заедници во државата.

ОРСЕИ бара со отворањето на Уставот за промена на името да се иницираат и други промени за унапредување на уставно-правниот статус на Албанците во Македонија.

Најнови вести