недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оштетени бисти на борци во НОВ во Маврови Анови

Оштетени бисти на борци во НОВ во Маврови Анови

Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина.

Според информациите на СВР Тетово, оштетувањето на споменичните облележја на борците во НОВ Чеде Филипоски и Злате Малакоски било пријавено претпладнево околу 11 часот.

-Во полициската станица Маврово утрово е пријавен таков случај по што на местото е испратена увидна екипа. Повеќе информации за овој случај ќе има во текот на денот, информираат од СВР Тетово.

Во алејата на народните херои пред околу педесетинатина години поставени се споменични обележја со бисти на народни херои од мавровскиот крај.

(Миа)

Најнови вести