Следствено на нашите досегашни објави до медиумите каде почнавме со јавно прикажувње на криминалот направен врз нас како дел од пропаѓањето на Еуростандард банка, би сакале со овој текст и воедно да ја известиме јавноста за нашиот втор протестен собир кој овој пат ќе го одржиме пред зградата на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа е никој друг него Народната Банка, стои во соопштението за медиуми на Здружението на оштетени штедачи.
– Имено, нашиот протест ќе биде со почеток во 15 часот ден порано (30ти Октомври) од светскиот ден на штедењето 31Ви Октомври, кој се до црната за нас среда 12ти Август беше и наш празник кој гордо го славевме како депоненти во овој наш банкарски систем регулиран од НБРМ, институција која еве не натера место да празнуваме да протестираме против криминалот направен над нас, посочуваат тие.
– Воедно ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците. На 30ти Октомври ќе протестираме а на 31ви Октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно. Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата, велат од Здружението.