Студентите Илија Васиљески, Александар Николовски, Бојана Величковиќ, Габриела Козарова, Сара Крстиновска, Ивона Серафимовска, Моника Алексиќ, Андреја Палигорова, Благица Пупуноска, Кристина Стоилковска, Пале Ѓорѓиева и Анета Манева добија стипендии во вредност од по 1 000 евра од 10 осигурителни компании.
Деканот на економскиот факултет Предраг Трпески, денеска на доделувањето на стипендиите, истакна дека осигурителните компании на овој начин ќе се приближат до студентите на економскиот факултет, за кој рече дека претставува изворот од каде осигурителните компании треба да го црпат човечкиот капитал.
Изрази надеж дека стипендираните студенти ќе придонесат за развој на десетте компании.
Крсте Шајноски им порача на студентите овие стипендии да им бидат мотив и поттик да размислуваат за градење иднина односно кариера во осигурителниот сектор.
Директорот на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ изрази надеж дека стипендираните студенти ќе бидат и идни колеги.
-Говорот ќе го започнам со самокритичност кон нас како осигурителен сектор, требаше порано да ни текне. Позитивниот резултат ќе биде мотив за продолжување на оваа иницијатива и во иднина, изјави Војновиќ.
Во оваа иницијатива која се случува за првпат учествуваа компаниите Триглав живот Сава осигурување, Кроација неживот, Халк осигурување, Граве неживот, Кроација живот, Еуролинк, Триглав неживот, Кроација живот и Граве.