четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи ќе се обрати на Специјалната итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации

Османи ќе се обрати на Специјалната итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се обрати на 11. Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк. 

Османи во обраќањето пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запре војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните приоритети и досегашните активности во реализирањето на Програмата на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, особено на зголемувањето на сигурноста и безбедноста на граѓаните, во контекст на нашето мото „За луѓето се работи“, имајќи ги предвид состојбите и во други земји на ОБСЕ регионот. 

Од Кабинетот на министерот најавуваат дека тој ќе реализира и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Естонија, Унгарија и Холандија, како и со потсекретарот на Обединетите нации за политичко-безбедносни работи Розмари Ди Карло. Планирани се средби и со претставници на дијаспората на Македонија во САД. 

Најнови вести