Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ посочи дека убеден е оти претседателот на Франција, Емануел Макрон го нарекува нашиот народ „Северномакедонци“ без навреда.
„Тоа и не е случајно, се разбира дека треба да има реакција, но мора да се сфати дека имаше такви грешки во неколку други наврати, каде што веднаш, тие што ги знаат спецификите, се корегираат и се извинуваат“, вели Османи.