петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи: Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор

Османи: Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи се огласи на Фејсбук во врска со синоќешниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, истакнувајќи дека „тоа е нехуман чин на терор за кој нема оправдување“.

-Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, објави Османи на својот Фејсбук профил.

Како што посочува Османи во објавата, сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат.

Во синоќешниот воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа загинаа најмалку 500 луѓе.

Најнови вести