четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Оставка за властите кои не се само неспособни, туку се личности кои не чувствуваат ниту лична, ниту одговорност како влада која се самоодбра и нема капацитет да најде решение“

„Оставка за властите кои не се само неспособни, туку се личности кои не чувствуваат ниту лична, ниту одговорност како влада која се самоодбра и нема капацитет да најде решение“

ВМРО-ДПМНЕ викендов го реализираше третиот по ред протест пред Министерството за здравство! Молк, минути за почит кон починатите од КОРОНА, сочувство со семејствата. Тишина која боли и која допира до секој здрав човек. Едногласно, громогласно- Одете си! упатено кон одговорните власти, скандирање и АПЕЛ кон владата – ОСТАВКА! Оставка за властите кои не се само неспособни, туку ова се личности кои не чувствуваат ниту лична одговорност, ниту одговорност како влада која се самоодбра, самопостави, неспособна влада, која нема капацитет да најде решение, велат од Комисијата за труд и социјална политика, демографија и родови прашања.

-Пратениците во своите обраќања ги повикаа на одговорност и прашаа до кога ќе трае агонијата во која не внесе владата на Зоран Заев. А, тие пак наместо барем да научеа да покажат доблест и да се извинеа на македонскиот народ за погрешните проценки и немање стратегија за справување со пандемијата, летаа со летало и потрошија повеќе илјади евра наместо да помогнат на најзагрозените. Се прашуваме дали министерката Шахпаска која исто така била во групата, одлета во Прилеп за да им помогне на најранливите категории граѓани и ги поучи како да дојдат до вакцина или и таа ќе чека шерифски шешир за што побрзо да одлета во местото каде припаѓа- срам, незрелост, криминал, лаги кои се плаќаат со човекови животи.
Филипче, те повикуваме на транспарентност и одговорност за која ти секогаш кога си пред камерите сакаш да не потсетиш, велат од Комисијата и додаваат:

„Зборот стратегија значи план за дејствување направен за да се постигне специфична цел. Сакаме да одговориш на цела македонска јавност –Која беше и е твојата стратегија? Очигледно индикаторите ни се различни. Ви благодариме, но народот ќе ја памети вашата стратегија по губење на сопствениот идентитет, сопствената историја, името на државата и стратегија која дава обратен ефект по бројот на починати и заразени. Вие сте срам за сите нас.“.

Од таму, го прашуваат и претседателот, чии претседател е? -Знае ли дека е обврзан да биде Претседател на сите граѓани во републикава, не само на членовите на оваа срамна власт. Одете си заедно во историјата, и сменете го само тој дел од нашата историја, но со факти за вистината која овој народ ја живее, а не со лажирања и лаги, впрочем какошто дојдовте на власт. Филипче, вие го изгубивте кредибилитетот не само како министер, туку и како лекар и како човек. Бараме да излезете и да кажете не колку вакцини испитачивте туку колку снабдивте и купивте за овој народ на кого му испишавте заедно со лицето З.З. смртна колкективна казна на македонскиот народ. Но, ВМРО- ДПМНЕ верува во својот народ, и знае дека македонскиот народ, многупати опстојувал и се снаоѓал да преживее, памети и знае тоа да го покаже. Вам ќе ви покаже на денот на изборите.

Најнови вести