петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Остра реакција на обвинителството: Изјавата на Пендаровски е притисок и мешање во нашата работа

Остра реакција на обвинителството: Изјавата на Пендаровски е притисок и мешање во нашата работа

Не е време за напади на институциите и нема да дозволиме дискредитирање на обвинителите и мешање во кривични постапки од страна на политичарите, реагира Јавното обвинителство.

„Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото“, се вели во соопштението од ЈО.

Обвинителството потенцира дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.

„Уште еднаш потенцираме дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите“, велат од ЈО.

Најнови вести