Судечки совет на скопскиот кривичен суд, во четвртокот, донесе пресуда со која за сторена злоупотреба на службената положба и овластување го осуди поранешниот претседател на Врховиот суд, Јово Вангеловски, пренесе Правосудство.
На Вангеловски изречена му е казна затвор во траење од една ипол година, но истата му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.