петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион: Речиси секој втор ден се почнува нов проект

Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион: Речиси секој втор ден се почнува нов проект

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Промени што носат иднина во источниот регион изјави дека со преземање на функцијата од претходниот градоначалник од редовите на СДСМ затекнал долг поголем од основниот буџет на општина Штип, како и застарени ненаплатени побарувања, но преку одговорно и домаќинско работење успеал само за една година да го намали јавниот долг и вратил еден милион евра на министерството за финансии.

Како и во сите други општини, имавме јавен долг пред се на јавните комунални претпријатија кој што изнесуваше колку што е основниот буџет на општина Штип. Нешто кое што со години не се сервирсирало и кое што започнавме како локална власт на месечно ниво да го сервисираме и да го враќаме тој јавен долг и можам да кажам за година дена успеавме да вратиме 1 милион евра кон Министерството за финансии, како прва локална власт која што направила исчекор кон намалување на долгот кој што бил генериран во годините наназад. Она кое што е специфично за Штип а го наследивме е застарени ненаплатени побарувања, а тоа е карактеристично за неодговорна локална власт затоа што не успеале да ги наплатат и основните приходи кои што ги следуваат, и следствено на тоа затоа немало резултати, изјави Јорданов.

Во однос на тоа што сработил изминатите 365 дена како градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Јорданов нагласи дека ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општината, потенцирајќи дека се реализирале 125 проекти, односно ако се одземат месеците која е забранета градежната сезона, тогаш како што рече Јорданов би значело започнување со реализација или реализиран проект на секој или преку еден ден.

Во вкупен износ, дефинитивно ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општина Штип. Во енергетска криза успеавме парите кои ги прибираме по основ на даноци да ги вратиме кај граѓаните во форма на капитални инвестиции, во подобрување на инфраструктурата. По број на проекти реализирани се 125 проекти, ако се одземат месеците кои што практично е забранета градежната сезона, тоа би значело дека секој ден или преку еден ден имаме реализирано или започнато со реализација на некој проект кој што сега генерира развој на општина Штип. Ако јас се прашувам дали е доволно и дали може подобро, секако дека може уште подобро, бидејќи не е ова најдоброто од нас, вели тој.

Јас сум убеден дека со подобро планирање и на приходната и на расходната страна во годините кои што следуваат ќе бидат попрепознатливи во насока на тоа, а секако и во насока на генерирање на развој на општината и поголема реализација на капитални проекти сме во завршна фаза на долго најавуваниот и очекуваниот Генерален урбанистички план во општина Штип кој што практично ќе овозможи развој на општината и зголемување на приходната страна на буџетот а со кој што ќе можеме да реализираме проекти со кој што ќе го задржиме приматот дека сме административен, образовен и културен центар на Истокот на Македонија, вели Јорданов.

Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани се осврна на проблемите кои ги затекна во општината кога ја презеде функцијата.

„Имаше 10 судски предмети каде општината беше во улога на тужител, 12 судски предмети каде општината беше тужена, а во еден предмет имаше сериозни финансиски импликации по општината, потоа имавме проблеми со подмирување на трошоци за електрична енергија затоа што имавме најава за раскинување на договорите со економските оператори, а затекнавме високи сметки во комуналното јавно претпријатие кои само за три месеци изнесуваа 800 илјади евра“, рече Папазов.

Тој се осврна и на спроведените проекти, односно реконструкција на градски парк, реконструкција на лавниот цевковод, како и изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари.

Продолживме со реализација на реконструкција на градскиот парк во висина на 43 милиони денари, во делот на комуналната инфраструктура го реконструиравме главниот цевковод во должина од 2.200 метри до вредност од околу 44 милиони денари, работиме на нова препумпна станица за точките во кои кога има интензивна потрошувачка на вода им овозможуваме постојано да има вода, изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари во должина од 5,5 километри со што го заокружуваме процесот на вклучување на сите населени места кон пречистителната станица, соопшти Папазов.

Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцевски истакна дека уште пред преземањето на функцијата градоначалник на Зрновци заедно до граѓаните беше изготвена една обемна програма со предвидени околу стотина проекти и решенија кои веднаш по стапување на функција се започна со изготвување на проектни документации и реализација на истите.

За 365 дена во делот на патната инфраструктура успеавме да асфалтираме 3 улици и три улици се во фаза на асфалтирање во периодот кој следи, во висина од над 6 милиони денари. Во комуналната инфраструктура, односно водовод и канализација, околу 5 ипол милиони денари со што на еден начин со ова вложување решаваме повеќедецениски проблеми, односно постојано водоснабдување во село Мородвис. На пролет започнуваме со изградба на брана зафат во село Видовиште и во село Мородвис со дополнителни резервари за водоснабдување, изготвени се проектни документации во делот на изградба на спортски терени, проект од околу 6 ипол милиони денари. Бетонирани се и уредени тротоари на најфреквентните улици со што е зголемена и безбедноста на самата општина. Изградена е автобуска постојка по долги години барања од страна на граѓаните, вложуваме во делот на културата преку организирање на културни манифестации и е завршена реконструкција на дом во село Мородвис во висина од 2 милиона и 200 илјади денари, реновирана е сала во општинската зграда, истакна меѓу другото Коцевски.

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево пред присутните истакна дека и тој ја затекнал со блокирана сметка и големи долгови од страна на неговиот претходниот од редовите на СДСМ.

Како градоначалник кога стапив на функција општината ја затекнав како затворена, блокирана сметка и големи долгови. По една година сето ова е сменето, општината е во функција на граѓаните, не благодарение само на мене, голема благодарност и до сите вработени во општина Пехчево. Работиме тимски и заедно за општината да биде отворена за сите луѓе, така и функционираме, ги решаваме проблемите на луѓето и општината е отворена за секој еден кој има проблем и да можеме да го решиме, рече Китански.

Градоначалникот Китански се осврна и на тоа што тој направил за општина Пехчево каде наброја дел од многуте проекти кои ги има направеноизминатите 365 дена.

И покрај големата криза и долговите на општината со труд заедно со општинската администрација успеавме да реализираме неколку проекти. Четири години немаше извршено санација на дупките во градот. Формиравме противпожарно друштво по ланските пожари. Реализиравме проекти за расчистување на селските патишта до земјоделските површини, луѓето не можеа да си дојдат до обработливите површини, извршивме реконструкција на неколку улици. Имавме проблем со индустриска улица, која е готова 5-6 месеци документите се заглавени во Министерството за транспорт и врски. Се обративме до Министерството за транспорт и врски но не добивме повратен одговор каде е проблемот, зошто и сеуште не се почнува со изградба на таа улица, а имаме готова и комплетна документација, кажа Китански.

Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица посочи дека најголем доказ дека неговиот претходник не работел во општина како што треба е тоа што тој сега е градоначалник, затоа што ако работел ќе бил повторно избран од граѓаните.

Атанасовски се осврна на реализираните проекти во изминатата година од неговото доаѓање на градоначалничката функција, имаат асфалтирано околу осум километри улици и патишта во вредност од околу 36 милиони евра и дека водоводната и канализационата мрежа во централното градско подрачје е завршена и сега се посветуваат во урбанизирање на руралните населени места, но и дека посебно внимание посветуваат на образованието, спортот, културата вложувајќи сериозни финансиски средства како и во човечките ресурси зголемувајќи ги платите за вработените во администрацијата и јавните претпријатија.

„Од областа на инфраструктурата на патишта, улици и канализации до сега имаме реализирано околу осум километри асфалтна површина на улици во вредност од околу 36 милиони денари. Водоводната мрежа и канализација во централното подрачје на Македонска Каменица е финиширано, што значи дека сега веќе се посветуваме на руралните средини. Посветуваме големо внимание на спортската област, каде што ние како општина ги помагаме клубовите со некаде околу шест милиони денари, во областа на културата помагаме со средства од околу 5,4 милиони денари. Вложуваме во образованието. Едни од нај големите за нас проекти во оваа година и наредната 2023 година даваме ваучери за прво одделенци во вредност од 3.000 денари, стипендии за средношколците во вредност од 20 илјади денари. Еднократна помош за социјално ранливите категории, зголемување на платите во општинската администрација и во јавното претпријатие и воведување на јубилејни награди во општината“, истакна градоначалникот Атанасовски.

Миле Петков, градоначалникот на Виница на трибината Промени што носат иднина за отчет на градоначалниците од источниот регион истакна дека општината ја затекнал со долг од околу 55 милиони денари и празна каса и притисок од доверителите за наплата на своите побарувања, но и покрај бројните проблеми долгот веќе се намалува, а проекти се реализираат.

И покрај сите тешкотии кои ги имавме за една година успеавме да го намалиме долгот на општината за 8 милиони денари и да реализираме голем број на проекти од програмата. Наследивме и презадолжено јавно комунално претпријатие за 23 милиони денари. Општината ја затекнавме без проекти со кои би можеле веднаш да пристапиме кон нивна реализација, затоа искористивме овој период да пристапиме кон изработка на проекти, кои некои се веќе реализирани, некои се во фаза на реализација, а некои ќе се реализираат во следниот период.

Како што нагласи Петков, реализирани се проекти од сите области, изградени и реконструирани улици во повеќе места, доградба на филтер станицата за во Виница, реконструкција на водоводна мрежа во повеќе места, чистење на дивите депонии, а после подолг временски период обезбедено е современо противпожарно возило. Петков додаде дека се работат проекти во градинките и училиштата, а се работи проектна документација за реконструкција на градскиот стадион.

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов вели дека уште од првиот ден се зафатил со решавање на проблемите на граѓаните и покрај сите предизвици и натрупаните проблеми наследени од претходната власт.

„Уште од првиот ден се фативме во теснец со решавањето на натрупаните проблеми кои ги наследивме од претходната власт, наследив блокирана буџетска сметка со 36 милиони денари и 4,5 милиони денари по однос на камати. Ние веднаш побаравме да се направи ревизија на работењето на претходната влас меѓутоа без некое издржано оправдување бевме обвинети од страна на државниот завод за ревизија, но ние не се откажавме тука и со помош на внатрешни и надворешни соработници ние детектиравме предмети каде што имаше сериозни индиции дека има направено отстапки, веќе имаме правно процесно процесуирани предмети но од тоа за жал до ден денес нема никаква разрешница“ истакна Ангелов.

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов посочи и поголем број проекти реализирани во изминатата година.

„Воопшто не е лесно да се работи со блокирана сметка но ние и покрај тешката ситуација веднаш стапивме со реализација и решавање на проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Како што се асфалтирање на улици, асфалтиравме 4 улици, 1 булеварско решение во Чешиново исто така поставивме и сообраќајна сигнализација, пристапивме кон чистење на диви депонии, детектиравме проблем дека општината се соочува со недостаток на транспорт за цврст отпад, набавивме ново возило во вредност од 1 милион и 700 илјади денари, акцент ставивме и кон изработка на техничко планска документација бидејќи јас не наследив никаков готов проект. Пристапивме и кон изготвување на урбанистичко планска документација. Се надеваме дека следната година ќе бидеме малку поликвидни за да можеме да се вклопиме во малку попристојно работење “ нагласи Ангелов.

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци истакна дека неговиот претходник нема сработено ништо во општината. А, тој како сегашен градоначалник има наследено сериозни обврски во Општината, но пред се во јавното претпријатие „Плачковица“ наследил сериозен долг од над 20 милиони денари.

Сериозна обврска ни беше и да го стабилизираме и да го ставиме во функција јавното претпријатие за да не трпат на крајот граѓаните и жителите на општина Карбинци. Имено, за една година до денес успеавме да вратиме некаде над 2 милиони денари од тој голем долг, рече Паунов.

Градоначалникот на општина Карбинци посочи дека во еден период на енергетската криза и еден период на сериозна инфлација тој има сериозни предизвици. Општина Карбинци последните четири години била препознатлива по фактури за репрезентации, фактури кои што ги плаќале во минатото за непродуктивни трошоци, односно над 4 милиони денари се потрошиле пари за кафеани и за репрезентации. Но, во оваа година дена откако е тој градоначалник ниту еден денар не е потрошен за нерационални трошоци, бидејќи такви нерационални трошоци нема да има во општина Карбинци.

Морам да кажам веќе на крајот од оваа година дека над 75% од реализацијата на општинските пари се потрошени во капитални инвестиции или пред се во изградба на проекти кои што ги бараа жителите на општина Карбинци. Овде фокусот ќе го ставам на она што ние го ставивме фокусот, а тоа е патната инфраструктура каде што изградивме и реконструиравме над 5 километри улици во населените места во општина Карбинци. Она што исто така е значително важно, а беше генерален проблем на повеќе населени места е водоснабдувањето на територија на општина Карбинци каде што реализираме веќе и е во завршна фаза проект од 42 милиони денари каде што во 8 населени места практично ќе го решиме проблемот со водоснабдување. Или пак ќе изградиме некаде околу 18 километри цевководи со што понатаму ќе се поврземе со новата филтер станица и хидросистемот Злетовица, појасни тој.

Паунов рече дека го има завршено уште еден проект за водоснабдување, каде што исто така се опфаќа 5 населени места во тој дел, и во вредност од 24 милиони денари.

Имаме безброј проекти кои што навистина ќе го подобрат животот на граѓаните. Овде да го споменам и проектот кој што го добивме со судни маки од државата, а тоа е реконструкцијата на мостот кај селото Долни Балван кај што навистина неочекувано, непланирано се случи да биде оштетен во текот на изминатата година. Така да успеавме дел од средства да обезбедиме или некаде 60% од средствата, а другото ќе биде конфинансирано од Општина Карбинци во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари. И тој проект е веќе во завршна фаза. За неполна година успеавме да изработиме проект, да обезбедиме средства и да го реализираме до крајот на оваа календарска година, појасни Паунов.

Тој напомена дека се воведоа и неколку нови мерки во однос на најмладите, за секое ново запишано првоодделенче Општината обезбеди 3.000 денари, како помош на семејството. За секој ново запишан средношколец во прва година Општината исто така обезбеди 3.000 денари. и за секој запишан бруцош во прва година на државните универзитети Општината исто така обезбеди по 3.000 денари како стимул и поддршка за понатаму. Училиштето во општина Карбинци доби униформи за ученици од прво до петто одделение.

„Општината Ранковце ја затекнав со околу три милиони денари долг кога ја презедов функцијата и кредит што има 2 пати во годината на 6 месеци по една рата од 825 илјади денари. Откако дојдов на функцијата ги плативме двете рати по 825 илјади денари“, изјави Борче Спасовски на денешниот саем на промени.

Тој посочи дека за овие 365 дена успеале да го сервисираат со домаќинско работење и сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите од сопствени извори.

Спасовски додаде дека во патната инфраструктура има вложено околу 17 милиони денари, во училиштата околу 7 милиони денари и во водовод и канализација над 35 милиони денари.

Во овие 365 дена ние започнавме 11 големи проекти, од кои завршивме 10 и тоа 6 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти водовод и канализација и 2 проекти во 2 основни училишта реконструкција, едното во Село Радибуш не е реконструирано откако е направено од 1940 година, сега е направено како ново. Во Село Герман кровната конструкција е заменета во училиштето, кажа Спасовски.

Најнови вести