Отец Ивица Тодоров со Фејсбук статус испраќа моќни пораки за значењето на знамето со сонцето од Кутлеш.
Целата негова порака ја пренесуваме во продолжение:
ОД ДЕН ВО ДЕН
старото државно знаме на Република Македонија со формата на СОНЦЕ – во иста или приближна форма (Старо Бонче – Пелагонија/ Кутлеш – Беломорска Македонија/ Виничко кале/ Самоилова тврдина…) – СЕ ПОВЕЌЕ станува семакедонски симбол на препознатливост, обединување, вреднување, но и СИМБОЛ на борбата за македонски правдини и човечки вредности!
ДЕНЕС Македонците се собираат околу „СОНЦЕТО“ за да кажат едно категорично и јасно „НЕ“ на самоуништувањето, демотивирањето, понижувањето, немилосрдниот криминал, неправдата, владеењето на потпросечните, себеугодливците, завидливците, неспособните и одработувачите!
ДОСТА БЕШЕ! КРАЈ!
СОНЦЕТО е извор на постоење, затоа што е извор на светлина и топлина, а МАКЕДОНЦИТЕ се решени да опстојат, постојат и ГРЕАТ, и за себе и за другите околу себе! Тие се решени секогаш да бидат со СВЕТЛИНАТА зашто само таа овозможува ТОПЛИНА, СМИСЛА и СИЛА во животот и постоењето!
НО ПРЕД СЕ И НАД СЕ современите Македонци во „СОНЦЕТО“ ја гледаат творечката сила и љубовта на ТВОРЕЦОТ на се што постои, на Оној кој за сите нас стана „СОНЦЕ НА ПРАВДАТА“!
„Зашто, ете, ќе настапи ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што доаѓа, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.
А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее СОНЦЕТО НА ПРАВДАТА, и исцеление ќе има во зраците негови…..“
(Стар Завет/ пророк Малахија. 4, 1 – 2 )
ваш брат и слуга, о. Ивица Т.