среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отфрлена кривичната пријава на Ременски против Гордана Јанкулоска

Отфрлена кривичната пријава на Ременски против Гордана Јанкулоска

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела -Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, пријавата прво била поднесена против две лица, а потоа со дополнително доставен поднесок била проширена за уште едно лице. Во пријавата се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до 29.04.2015 година, првопријавената Гордана Јанкулоска во својство министер во Министерството за внатрешни работи, со пречекорување на границите на своето овластување и спротивно на Законот за внатрешни работи, му прибавила корист на второпријавениот кој во наведениот период бил заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Имено  таа овозможила и по исполнување на условите за старосна пензија, второпријавениот да остане во работен однос и месечно да прима плата. За третопријавената, помошник-министер за правни работи и човечки ресурси во Министерството се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до крајот на месец мај 2017 година, спротивно на закон, свесно пропуштила да го извести министерот дека барањата за продолжување на работниот однос поднесени од второпријавениот се недозволени и сочинила решенија за продолжување на неговиот работен однос.

Јавниот обвинител, постапувајќи по пријавата, со две последователни наредби од Министерството за внатрешни работи обезбеди податоци за работниот ангажман на второпријавениот, правните акти на кои се засновал, висината на паричниот износ кој месечно му бил исплаќан и други околности. Од материјалната документација, прилозите кон пријавата и писмените известувања обезбедени од МВР, произлезе дека првопријавената како министер за внатрешни работи на 14.04.2014 година донела решение со кое констатирала дека на 31.04.2014 година ќе настапи прекин на работниот однос на второпријавениот заменик директор на УБК поради исполнување на условите за остварување старосна пензија – 40 години пензиски стаж.

По барање поднесено од второпријавениот, одобрено од директорот на Управата, да му се дозволи да ги спроведе веќе започнатите оперативни активности под негово раководство, првопријавената на 22.05.2014 година го поништила решението, а второпријавениот на 26.08.2014 година поднел изјава за продолжување на работниот однос. Постапувајќи по барањето, првопријавената донела решение, изготвено од третопријавената, со кое го продолжила работниот однос на второпријавениот за период од една година, заклучно со месец мај 2015 година. Решението било донесено врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи кој влегол во сила на 13.08.2019 година и бил со одложена примена од 12.03.2015 година, со кој се предвидувала можност за продолжување на работниот однос до 45 години пензиски стаж.

Најнови вести