По час и половина жестока дискусија околу процедурални прашања, доставени приговори од опозициските партии и отфрлени од мнозинството пратеници, со говор на пратеничката од СИРИЗА Сиа Анагностопулу почна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Таа, заедно, со пратеникот од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, се известувачите на нацрт законот, јави дописничката на МИА од Атина.
Приговори имаа од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци.
Од Нова демократија тврдеа дека недостигаат предуслови за почеток на расправата, а мнозинството пратеници со станување од нивните места гласаа против овој приговор.
Истото се случи и со приговорите за противустваност од Златна зора и Независни Грци.