Како е најлесно да вработите партиски кадар на СДСМ, а тоа да не биде на оглас ? Одговорот е многу едноставен. Прво ангажирајте го со договор на привремено вработување, па после 3 месеци вработете го со договор на неопределено.
Ваква шема на вработување користи СДСМ за да ги вработува партиските некомпетентни кадри во државната и јавната администрација. Најдобар пример е масовното вработување во Владата каде 120 партиски војници на СДСМ се вработени под договор на дело и тоа речиси сите од нив во секторот “комуникации“.
Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.
Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.
Неда Малеска од „Центарот за управување со промени“ во интервју за емисијата „Проверено“ вели дека овие вработувања не поминуваат низ редовниот циклус за вработување како и низ истите услови како оние кои се бараат за државните институции.
– Критериумите кои се бараат за државнте службеници и за останатите вработени не важат за привремените вработувања. Тоа значи дека можете да дојдете да волонтирате или да бидете практикант во некоја организација и едноставно заради тоа што сте се нашле во тој момент таму да овој однос биде трансформиран во редовен работен однос. Ова директно го загрозува правото до еднаков пристап до вработување за сите граѓани и оттаму честопати овие вработувања беа предмет на интерес на меѓународната заедница и на европската комисија во однос на приоритетите и исполнувањето за членство во ЕУ, вели Малеска.
За тоа дека има масовна партизација во државната и јавната администрација доволен доказ е само да ја отворите страната на Електронскиот систем за јавни набавки и ќе може да се види дека веднаш по превземањето на власта посебно на локалната власт има масовно распишување на огласи за привремено вработување.
Дека се бркаат постоечките лица кои се на договор за привремени вработувања и се вработуваат нови лица, партиски кадри потврди и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервјуто за емисијата „Проверено“. Тој рече дека на постоечките лица не им се продолжуваат договорите, но во исто време на нивно место се распишуваат нови. Зошто е тоа така, Манчевски не објасни, но целта e сосема јасна – врабоување на партиските кадри на СДСМ во државната и јавната администрација.