Во Скопје денеска ќе биде отворено новиот трговски центар „Дајмонд мол“, инвестиција вредна 350 милиони евра.
„Дајмонд мол“ е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“, и ќе обезбеди повеќе од 1.000 нови работни места.
На свеченото отворање ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевскии, почесниот претседател на групацијата „Лимак“ Нихат Оздемир и Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција во земјава.
Предвидено е присуство на претставници на дипломатскиот кор, на Владата, стопанственици и гости.