Министерот за правда Никола Тупанчески денеска ќе присуствува на свеченото отворање на новата зграда на Управен суд Скопје.
Како што е најавено, на свеченото отворање ќе присуствуваат и Бурим Сејдини, претседател на Управен суд, Беса Адеми, претседателка на Врховен суд на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Амбасадор Клеменс Која – Шеф на Мисија на ОБСЕ во Скопје, Ана Павловска Данева, професорка по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје, како и високи претставници од државниот врв, на дипломатскиот кор, членови на судскиот совет, судии, членови на академската и научната заедница.