четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс (http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den).

– Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат  одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности…, соопшти УКИМ.

Универзитетот им порачува на идните студенти да го посетат Отворениот ден и да го изберат универзитетот со најдолга традиција во нашата земја

Најнови вести