среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отворена истрага за паралелен увоз на лекови- полициски инспектори утрово во веледрогерија Пановски

Отворена истрага за паралелен увоз на лекови- полициски инспектори утрово во веледрогерија Пановски

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови, дознава Телма.

Истрагата која е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал е насочена кон паралелниот увоз на лекови. Покрај веледрогеријата Пановски со истражните дејства се опфатени и други веледрогерии увозници на лекови.

Истражните органи ги проверуваат сомнежите дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство. Се проверува документација за увоз на лекови пред се од Турција, дознава Телма.

Од обвинителството појаснуваат дека станува збор за предистрага отворена пред повеќе од година и пол по допрен глас, а активностите кои ги презема полицијата се по наредба на обвинителството.

Во тој период здруженијата на пациенти реагираа и тврдеа дека паралелниот увоз на лекови е контроверзен затоа што има набавки без сертификат за безбедност на лековите. Најмногу на удар на критиката од здруженијата беа лековите од паралелниот увоз за пациентите на клиниките за онкологија, хематологија, дијабет како и за ретките болести.

Најнови вести