вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отворените спорови да се решаваат во духот на добрососедството, порачаа лидерите од Брдо Бриони процесот

Отворените спорови да се решаваат во духот на добрососедството, порачаа лидерите од Брдо Бриони процесот

Одговорноста сега е кај земјите -кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите, кои од нив се бараат, заклучија учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје.

Свесни сме, како што се наведува во заклучоците од Самитот, дека владеењето на правото, основните човекови права ефикаснито судство и доброто владеење, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучни за напредокот, развојот и стабилноста.

Претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, претседателот на ЕС и бугарскиот премиер во заедничкиот заклучок од состанокот нагласуваат дека ги подджуваат објективните критериуми за проширување на ЕУ со земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони, каде што е истакната проценката на индивидуалните заслуги.

Ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со Западен Балкан.

Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот.

Сметаат дека е потребна поголема синергија во регионалните иницијативи и механизми во однос на градењето на инзкулзивен регион.

– Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите.

Очекуваат натамошна помош од ЕУ за подобрување на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони со силна поддршка на постојните проекти.

Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес.

На двочасовниот состанок присуствуваа и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Тие се согласија Албанија следната година да биде домаќин на состанокот на лидерите на Процесот.

МИА

Најнови вести