четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ова денес мора да го имате на трпезата: На Прочка ќе ви донесе радост и добро расположение во домот

Ова денес мора да го имате на трпезата: На Прочка ќе ви донесе радост и добро расположение во домот

Денеска, на Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“.

Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Она што денеска треба да се стави на трпезата се јајца и сирење.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение.

А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Најнови вести