Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера и денеска присуствуваше во Загреб во рамки на самитот на Европската Народна Партија.
Освен Мицкоски на самитот на ЕПП се обратија и Ангела Меркел, Силвио Берлускони, Себастијан Курц, Јанез Јанша и многу други…
Нивните поенти од самитот се во продолжение:
Инаку Доналд Туск кој е претседател во заминување на Европскиот совет беше избран како нов претседател на ЕПП.
-Како Македонци, припаѓаме на европското семејство затоа што споделуваме европски вредности, рече Мицкоски.
-ЕПП отсекогаш била подготвена, а понекогаш и години напред. Ни требаат свежи нови идеи за да се соочиме со предизвиците на утрешниот ден, потенцираше Даул.
-Ние сакаме силно и стабилно ЕУ, затоа ни се потребни силни и стабилни земји-членки. Заштитата на нашиот европски начин на живот е услов за сè друго, истакна Јанша.
-Ние сме либерали, демократи сме, христијани сме, ние гарантираме права, нашите права ни припаѓаат по наша природа. ЕПП е единственото политичко семејство кое може да го гарантира ова, потенцираше во своето излагање Берлускони.
-Ни требаат посилни сили во центарот. Наша должност како ЕПП е да бидеме фокусирани на политичкиот центар и на централните прашања, изјави Курц.
-Во мај гласачите беа многу јасни, сакаат Европа да дејствува обединето во однос на предизвиците со кои се соочува светот, рече Лејен.
-Без помошта на нашите европски пријатели Берлинскиот ѕид не би паднал пред 30 години. Улогата на ЕПП е да гради мостови, рече Меркел.