Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, известува дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.
На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.
Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.