Најактивни, односно пратеници кои на собраниската говорница се задржаа најдолго, се Бојан Стојаноски со 278 минути, Гордана Силјановска Давкова со 256 минути и Панчo Минов со 213 минути.
Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивен пратеник е Бојан Стојаноски кој зема збор 57 пати, пратеничката Гордана Силјановска Давкова со 56 пати и Бране Петрушевски со 46 пати.
Најактивни пратенички овој период на набљудување беа пратеничките од опозицијата, Гордана Силјановска Давкова, која на говорницата се задржи 256 минути и Дафина Стојаноска со 158 минути.
Квалитетот на дебатата во Собранието доби средна оценка 5,5 во Извештајот на Институтот за демократија од Скопје за периодот од 4 август до 31 декември 2020 година.
На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 5.5 и е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за квалитетот на дебатата се движеше од 6.0 до 6.3. За разлика од минатите периоди квалитетот на дебата во Собранието не ја добива минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, стои во Извештајот.
Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39 отсто.
Целиот извештај погледнете го ТУКА