Преубавиот Охрид е помеѓу градовите кои угледниот Forbs ги предлага за посета, како еден од најубавите градови на Балканот, објави b92.net .
-Овој културен и природен бисер се наоѓа на североисточниот брег на Охридското Езеро. Охрид има многу културно-историски споменици, меѓу кои и значителен број стари цркви изградени во византиски стил. Благодарение на близината на прекрасното Охридско Езеро, овде ќе најдете голем број автохтони видови риби и растенија. Љубителите на природата дефинитивно треба да го истражуваат блискиот национален парк „Галичица“, пишува американскиот бизнис магазин.