Денеска започна преспанскиот јаболкобер, но овоштарите покрај тоа протестираа поради лошите услови со кои се соочуваат тие.
Имено тие се незадоволни од власта предводена од СДСМ бидејќи има ниски откупни цени, неисплатени субвенции по неколку основи од претходните години, неисплатени средства од ИПАРД програмата, неисплатени обештетувања од мразот, градот и неисплатените штети на овоштарите од Долна Преспа по невремето оваа година.
Поради сите овие проблеми со кои се соочуваат тие денеска излегоа на протест и ги повикаа властите да ги решат нивните проблеми со кои се соочуваат со години.