И последната математика на СДСМ со која го релативизираше поразот на локалните избори падна во вода. СДСМ после изборите со цел да го оправда пишманењето на Заев за понудената оставка одеше со теза дека всушност тие и нивните коалициски партнери имаат освоено повеќе гласови на советнички листи од опозициските партии.
Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата- стоеше во соопштението на СДСМ од 3 ноември.
Во овие 419.180 гласови СДСМ ги имаше пресметано и гласовите на движењето БЕСА кое настапи самостојно на изборите. Но новонастанатата ситуација од вчера и денес вели дека СДСМ не може да смета на нивните гласови кога прави весели математики.
Ако направиме пресметка според логиката на СДСМ и ги извадиме гласовите на БЕСА и ги додадеме на опозицискиот блок тогаш СДСМ и коалициските партнери паѓаат на 393.489 гласови на советнички листи, а опозициските партии доаѓаат на 425.781 глас. Тоа значи дека и според ваквото пресметување на изборите СДСМ се апсолутни губитници со 32.292 гласа во корист на опозицијата.
Јавноста е во исчекување на некоја нова математика од СДСМ со цел да се релативизира поразот на локалните избори и да се оправда пишманењето за оставката на Заев.