петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пахор до Пендаровски: Словенците да беа Бугари, немаше да имате проблеми со нас

Пахор до Пендаровски: Словенците да беа Бугари, немаше да имате проблеми со нас

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска на својот Инстаграм профил објави интересен разговор кој го имал со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Охрид.

-Со македонскиот претседател и пријател Стево Пендаровски разговараме за нерешениот проблем меѓу Северна Македонија и Бугарија. Во меѓувреме, малку на шега, а малку и вистина, велам Словенците да беа Бугари, немаше да имаат проблем со нас. Тој на шега одговори дека Македонците да беа Словенци ќе беа 20 години во Европската Унија, напиша Пахор на Инстаграм.

Најнови вести