недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пајакот на општина Центар корнеше бандери и кабли во Дебар Маало

Пајакот на општина Центар корнеше бандери и кабли во Дебар Маало

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало. Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските. Очевидци за „Макфакс“ велат дека едната бандера е откорната од корен, а втората е искршена.

-Сите кабли се искинати, велат очевидци.

Според жителите на ова градско подрачје, немаат интернет-конекција и телефон, а напојување за струја добиле. Очевидците велат дека паркинзите на ПОЦ се преполни, а на Грдаски паркинг зјаат празни.

Најнови вести