недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панчевски на слобода

Панчевски на слобода

Поранешниот претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски излезе на слобода, откако претходно Врховниот суд ја укина пресудата против него.

Точно на пладне поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски го напушти затворот во Шуто Оризари, по само две недели откако самиот се пријави за издржување на затворксата казна. Врховниот суд времено ја укина пресудата, поради грешка во постапката.

-Овој суд констатира дека со тоа што Апелациониот суд Скопје при постапувањето по жалбите донел пресуда на нејавна седница, за која осудениот не бил известен, иако тој тоа го барал во поднесената жалба и притоа не навел релевантни и доволно образложени причини за таквиот начин на постапување, сторил повреда на правото на одбрана, односно на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка, во смисла на член 465 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, која повреда влијаела врз законито и правилно донесување на пресудата и врз правото на осудениот на правично судење, велат од Врховен.

Најнови вести