четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Денес е годишнина од притворањето на уставобранителите, во 17 часот ќе протестирам во нивно име

Пандов: Денес е годишнина од притворањето на уставобранителите, во 17 часот ќе протестирам во нивно име

Аналитичарот Александар Пандов на социјалните мрежи напиша дека денес ќе излезе на протестот закажан за во 17 часот во името на притворените македонските патриоти кои имаат обвиненија дека се терористи.

-Денес е годишнина од притворањето на уставобранителите, македонските патриоти, со обвиненија дека се терористи! Најголем дел од нив сеуште се во Шутка или домашен притвор, а сите ги гледаме без малку секој ден на судења, бранејќи се од обвинениjата и докажувајќи дека не се терористи! Под ваков жесток политички прогон и терор се поради нивната љубов кон Македонија, нивното противење на обезличување на татковината и губењето на македонскиот идентитет. Но, според мене главната причина зошто овие македонски синови се под ваква тортура, е стравот на Заев и оваа хунта од нивната храброст, гласност и влијание кое го имаат во македонското општество! Добро има пресметано режимов и нивните подржувачи, додека нив ги држат притворени и по цели денови во судови, многу полесно им врви силувањето и тоталното уништување на се што е македонско. Затоа вечерва и јас во 17ч ќе бидам на плоштадот на ВМРО, во името и на нашите притворени браќа, а заедно со сите слободоумни патриоти, и покажеме среден прст на оваа фашистичко/соросова инсталација, пишува Пандов на Фејсбук.

Најнови вести