понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Ќе се случи Македонска пролет која ќе донесе предвремени парламентарни избори и пад на Заев и СДСМ

Пандов: Ќе се случи Македонска пролет која ќе донесе предвремени парламентарни избори и пад на Заев и СДСМ

Оваа власт е школски пример за банана држава, ова е тоталитарен режим во кој имаме еден шериф, Зоран Заев со неговата свита кој дели и одзема правда и единствен спас се предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а тоа ќе дојде преку Македонската пролет, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Пандов истакна дека Зоран Заев и СДСМ ја носат Македонија кон секаков пропаст, од национален, се до економски, здравствен, правосуден, образовен па се дури и одбранбен со скандалите кои ги приредија во НАТО со недобивањето на безбедносните сертификати.

Тој додаде дека иако СДСМ дојде на власт дека ќе донесат правда и мир, сепак за овие 4 години се изнагледавме разни криминали од владините функционери за кои никој досега не одговараше и истите се заштитени.

-Сите се заштитени како бели мечки додека Маричиќ е во правда, а Спасовски во МВР, а Заев е премиер, нема влакно да им фали на глава.  Не очекувам разврска за Ден Дончев, за Рашковски, ниту за било кој функционер . Се работи за криминална и корумпирана банда која што гледа што повеќе да украде и нема никаква црвена линија, нагласи Пандов.

Тој  потенцираше дека единствен спас е предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.

-Ќе се случи Македонска пролет која ќе ја принуди оваа банда на предвремени парламентарни избори. Секој што малку си ја сака својата татковина и посакува барем малку добро , нема да му даде поддршка на Заев, рече Пандов.

Најнови вести