петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Луѓето од власта правеа бизнис со вакцините, а за тоа ниту некој одговараше, ниту обвинителството покрена истрага

Пандов: Луѓето од власта правеа бизнис со вакцините, а за тоа ниту некој одговараше, ниту обвинителството покрена истрага

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за набавката на вакцини против КОВИД-19 и посочи дека луѓето од власта правеле бизнис со ова, а за тоа никој не одговара, ниту пак обвинителството покрена истрага за целиот овој случај.

-Во Македонија има 5.000 починати од корона, а луѓето од властa правеле бизнис за набавка на тие кинески вакцини и никому ништо, ниту некој одговара, ниту некој беше повикан во обвинителство, ниту обвинителствотo покрена истрага, рече Пандов во своето гостување.

Пандов во текот на своето гостување посочи дека со оваа окупаторска власт предводена од СДСМ, Македонија уназадува на секое поле.

-Ние сме сега над 7 милијарди евра задолжени, значи дупло за овие 3-4 години го имаат зголемено долгот. Со задолженоста која беше додека ВМРО-ДПМНЕ владееше се градеа автопати и сега ги уживаме тие автопати, се изградија исто така спортски арени, се изгради македонскиот национален театар, што не се направи. Сега од оваа влада не видовме ништо, а толку пари се потрошија. Ова сега што го прави Царовска, дали во било која област ние имаме само уназадување во буквална смисла на зборот. Оваа власт се однесуваат како окупаторкса власт кои цицаат од државата и од народот колку можат повеќе.Кога говориме за трошење на такви пари од буџетот тоа се пари на сите нас, не се тоа пари на СДСМ, додаде Пандов.

Најнови вести