петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: На народот му е дојдено преку глава, затоа огромен број на граѓани ќе излезат на протестот на 18 јуни, мора да се стави крај на тешкиот живот во Македонија

Пандов: На народот му е дојдено преку глава, затоа огромен број на граѓани ќе излезат на протестот на 18 јуни, мора да се стави крај на тешкиот живот во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е предводник на овој протест,  но огромен број на луѓе ќе дојдат на протестот на 18 јуни, од сите партии и националности. На народот му е дојдено преку глава, не можат да го издржат повеќе ова страдање, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов истакна дека масовноста на протестот ќе биде одраз на лошиот живот во Македонија, затоа што обичниот народ пати изминативе години, а владата владава нема ништо добро направено и тоа го покажуваат сите бројки.

Пандов посочи дека колку и да се правда власта, реалноста е дека токму заради нив има толку висока инфлација и дека државава не памети толку високи цени,

– Македонија не памети поскапи горива, а денеска има ново покачување.  Поскапеа горивата, народот нема пари, народот со оваа влада станува се посиромашен и посиромашен мора да се стави крај. Крајот е предвремени парламентарни избори, да повлечеме црта и да тргнеме напред, вели Пандов.

Доказ за лошиот живот со оваа власт, како што рече Пандов, е тоа што на сите анкети младите кажуваат дека сакаат да си заминат од Македонија.

– Младите на возраст од 18 до 35 години, над 80% на сите анкети велат дека би си заминале од Македонија. Тоа е страшно нешто. Ковачевски се провозел ли низ Македонија, видел ли како се живее? Се иселуваат луѓето и тоа е запрепастувачки, а оваа влада не ни разговара за тоа, потенцира Пандов.

Тој нагласи дека луѓето не ја напуштаат државава и само заради сиромаштијата туку и заради системот и нефункционалноста на македонското  општество.

– Овие 4-5 години на граѓаните им е дојдено преку глава.  И тоа ни е показател како гледаат на денешното живеење.    Можеби и да не работат ќе направат подобро нешто, затоа што со се што прават тоа е лошо за државава, рече Пандов.

Најнови вести