четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: По кефот на Каракачанов и мафијашот Заев, прашање на време е кога ние Македонците ќе бидеме асимирирани, а Македонија поделна!

Пандов: По кефот на Каракачанов и мафијашот Заев, прашање на време е кога ние Македонците ќе бидеме асимирирани, а Македонија поделна!

Историјата, покрај името и јазикот, е една од трите главни идентитетски столба на секој народ и држава. На територијата на секоја современа држава во светот, низ вековите наназад живееле милиони луѓе и се случувале огромен број на настани. Но, само многу мал број настани и ликови се запишани во нивните сопствени истории, како светилници за идните генерации, преку кој ќе учат за морал, чест и лојалност. Ќе учат како одреден број јунаци и хероии биле подготвени и го давале и сопствениот живот во име на своите идеали. Од друга страна државата и народот тие настани и ликови ги величат преку панахиди и трибини на денот на нивното раѓање и погибје, нивните имиња се ставаат како имиња на плоштади, универзитети и училишта, булевари и улици, прават бисти и монументални споменици, самото име многу често се става како име на новородените деца, ги опеваат во песни, пишуваат книги за нивните херојски дела, ги има во текстовите на нивните химни!, стои во Фејсбук статусот на Александар Пандов.

-Така е во Западна Европа и Америка, Русија и Кина, Јапан и Нов Зеланд, Северна и Јужна Кореа. Бидејќи народ и држава без минато,немаат сегашност, а сигурно немаат никаква иднина. Ова е вака, како што и 1+1=2. Тоа го знаеле и фашистите, па прва работа што правеле во окупираните држави била промена на нивната историја и учење на децата, во таа нова нормалност, со нова фашистичка историја! Во тоа биле помагани од домашни колаборационисти, квислинзи, мафијаши и петоколонаши! На последниве, мотивите им биле исти како и на овие сегашниве, лични удобства, пари и моќ. Па така и Македонија си има своја историја. За среќа или жал и на македонската територија се случиле и одиграле огромен број на историски настани и продефилирале огромен број на историски ликови. Но, без сомневање Гоце Делчев бил, е и ќе остане главниот столб и анкер околу кој се врзува целата понова македонска историја. Не постои поголем јунак што родила македонска мајка од Гоце. Што и да напишам за него е малку, во спордба со неговиот лик и дело, пишува тој.

Целосниот негов Фејсбук статус може да го прочитате во продолжение.

Најнови вести