среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: СДСМ нема да се спаси од казната на народот

Пандов: СДСМ нема да се спаси од казната на народот

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” гостуваше политичкиот аналитичар Александар Пандов кој се осврна на политичката ситуација во државата, како и организирањето на предвремените парламентарни избори.

Според Пандов, оваа кампања ќе биде една од најнечистите кампањи кои некогаш се воделе во државата, односно дека СДСМ ќе се служи со секакви методи само да проба да се спаси од пропаст. Иако СДСМ се залажува дека ја пробил Република Македонија кон Европа, сепак вистината е дека СДСМ ги распродаде националните интереси и се потчини на Бугарија и Грција, вели Пандов.

“Многу премиери и претседатели не се дрзнаа да го направат тоа што го направи СДСМ и Зоран Заев. Тоа е убиство на една нација. Договорите со Грција и Бугарија се најсрамното нешто кое еден политичар може да ги постигне. Државата ја клекнаа на колена и тоа го претставија како победнички чин, со што дрско ја манипулираа јавноста. За сето тоа ќе стигне казна”, вели Пандов.

Пандов вели дека СДСМ после се нема кредибилитет ниту да бара гласови од граѓаните, ниту пак да се надева на победа на изборите. Рушењето на правниот систем, корумпираноста и уцените ќе се удрат од главата на Зоран Заев и СДСМ, заврши Пандов.

Најнови вести