Денес во „Само вистина“ гостуваше аналитичарот Александар Пандов кој што посочи декасо полицискиот час за овој викенд власта сака да спроведе сценарио и тоа валкано против министерот Чулев. Исто така додаде дека не верува дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, тие посакуваат да одат на избори, но пред се им е здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не сака граѓаните да се изложат на опаснот поради избори.
„Избори ќе имаме летово, јас очекувам дека ќе се случат, условот за кога да се случат тие избори зависи од здравствената состојба во Република Македонија. Ние не смееме да заборавиме дека до пред месец дена односно и сега последново денешно што читав е препорака да овој викенд од сабота вечер, недела до вторник кога е Рамазан Бајрам ние да сме повторно во карантин. И под оној страв што е дигнат меѓу граѓаните дека постои невидлив непријател премногу опасен кој што безмалку сите ќе не зафати и не мал дел од нас ќе починат, но постои еден супер човек наречен Филипче кој што не брани сега од тој вирус, така на граѓаните власта ја претставуваше ситуацијата. И ако е веќе така, зошто власта овој викенд им го одзема правото како што и за Велигден им го одзема основното човеково право на верниците да прослават“, истакна Пандов.
Пандов додаде дека со предлогот за полициски час за овој викенд власта игра валкана игра. СДСМ посакува судир, знаејќи дека може да дојде до непочитување од граѓаните на полицискиот час и да го наместат Чулев да ги казнува граѓаните. Така гневот на граѓаните ќе порасне кон Чулев.
„Оваа не е прв пат ваква игра да се игра. Пред месец дена СДСМ создаде сценарио, излегоа граѓани од Арачиново на улица и сега као Вмровецот Чулев ги тепа граѓаните Албанци, Сдсомовецот односно градоначалникот ги ослободува. Јас и тогаш и сега за овој викен мислам дека граѓаните се ставени како жртвени јагниња во интерес на политиките на Зоран Заев и на СДСМ“, нагласи Пандов.
Пандов образложи дека лицемерието на Венко и на Заев се гледа одалеку.
„Јас немам такво чуство дека било кој од ВМРО-ДПМНЕ бега сега од избори и дека не сака да се случат тие избори“, посочи Пандов.
Пандов рече дека ако се лоши бројките на заболени и починати е нормално да нема избори.