среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Со Влада предводена од Заев работите во иднина само ќе се влошуваат

Пандов: Со Влада предводена од Заев работите во иднина само ќе се влошуваат

Актерите во владата се исти, ние имаме старо-нова влада. Претседател е Зоран Заев кој слушавме како бара пари, тоа е истиот кој е другар на Боки 13, истиот кој е осуден за Глобал. И сите знаат за кого станува збор. На народот му е јасно затоа има ваква ситуација во државава, рече аналитичарот Александар Пандов на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

Според него Заев сега прво, ќе прави чекори за тоа што го договорил со меѓународниот фактор и второ, да им врви бизнисот на него и неговото семејство.

-Заев не се секира за ситуацијата со корона, ниту неговиот министер за здравство Венко Филипче кој лаже за нов клинички центар откако е на функција. Единствено направи паркинг, никој не слушнал за инвестиција во здравството, посочи Пандов.

Тој посочи дека сите кадри се целосно промашување.

-На пример, Љупчо Николовски ќе бил вицепремиер за борба против корупција, а тој дел е во надлежност на конкретни институции. Не знам како замислуваат дека ќе се сопре корупцијата, кажа Пандов укажувајќи дека во следниот перио може да се очекува само влошување на ситуацијата.

Најнови вести