четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Кој го ситни отпорот, поточно кој се обидува да го ситни отпорот кон предавнициве? Стевче Јакимовски! Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот, стои во Фејсбук статусот на Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.06, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи!

– Беа потребни да поминат само неколку дена, а неговите предупредувања да се остварат и на секого во Македонија да му стане сосема јасно или да бидам попрецизен, на над 80% од народот, но не и на Стевче. Излегуваме на протести пред влада на 22, 23 и 24 јуни, Стевче го нема! И покрај високите температури и годишните одмори веќе наредната недела народот предводен од претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, но и од претседателите на Левица, Димитар Апасиев, Социјалистичка Партија, Љупчо Димовски и Демократска Партијата на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, секојдневно маршираа по скопските улици и сплотени и обединети извикува: Ултиматум, Не благодарам, Стевче повторно никаде го нема. Додуша има сведоци кои тврдат дека еден ден се појавил, некој велат дека дури и два пати дошол и толку! Оттука да обвинуваш некого кој 20 дена поминал по улици протестирајќи, а ти само два, најблаго кажано е неморално и нечесно, пишува Пандов.

Тој додаде дека Македонскиот народ и Македонија се соочени со најголемата опасност по нивниот опстанок и постоење!

– Ако бидеме обединети против предавниците ќе ги победиме. Премногу е ниско и мизерно било кој, та бил тоа и Стевче Јакимовски, оваа борба да ја сведе на лечење фрустрации и суети за едно директорско место или неколку членови по управни одбори, појасни Пандов.

Најнови вести