вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Треба многу да ја мразиш земјата со која владееш, за да можеш безмилосно и пред очи на нејзините граѓани да ја крадеш

Пандов: Треба многу да ја мразиш земјата со која владееш, за да можеш безмилосно и пред очи на нејзините граѓани да ја крадеш

Да бевме окупирани од странска војска и да имавме принудна управа, сигурен сум дека тие нема вака да ја крадеа и дереа државата како Заев и неговата банда! 670 000 да потрошиш за одржување на цвеќето на Влада, треба многу да ја мразиш земјата со која владееш, за да можеш вака безмилосно и пред очи на нејзините граѓани ја крадеш, ова на својот Фејсбук профил го напиша Александар Пандов кој побара од власта да биде свесна за што троши толку голема сума на пари, мислејки на парите кој владата ќе ги потроши за цветно уредување.

-Мерцедесот и Тамара, до вчера од уста не ги вадедевте бе ајвани едни! За таа пара свесни ли сте и имате ли памет што се може да се направи, колку човечки животи можат да се спасат или цвеќето околу владата ви е побитно? Во исто време го олупивте Водно со сеча на дрва, али ваљда цвеќињата околу Влада ќе ни бидат компензација. Брука, пишува на социјалната мрежа Пандов.

 

Најнови вести