вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: ВМРО како политичка партија секогаш излегуваше со програма и со ветување кон граѓаните дека ќе стои на браникот на Република Македонија

Пандов: ВМРО како политичка партија секогаш излегуваше со програма и со ветување кон граѓаните дека ќе стои на браникот на Република Македонија

Аналитичарот Александар Пандов во своето гостување во „24 анализа“ појасни дека од 2015 година откако излегоа бомбите во јануари, февруари месец, многу често гледа конфиликти помеѓу политичките партии, а сето тоа е поради намерата за промена на уставното име на Република Македонија.

-Но во меѓувреме се случија 2 парламентарни избори 2014 и 2016 година, ВМРО како политичка партија излегуваше со програма и со ветување кон граѓаните дека ќе стои на браникот на Република Македонија, односно под никоја цена нема да прифати промена на Уставот за промена на уставното име, потенцираше Пандов.

Кампањата околу референдумот помина како што помина но да потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ имаше насока дека нејзините гласачи, нејзините членови да гласаат онака по сопствен избор. Откако е јасно дека референдумот е несупешен, граѓаните пред се јасна порака испрати до оваа власт дека не дава поддршка за промена на уставното име и на договорот помеѓу Заев и Ципрас, посочи Пандов.

Најнови вести