среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Во Македонија ништо не функционира

Пандов: Во Македонија ништо не функционира

Политичкиот аналитичар во гостувањето во телевизија Алфа, Александар Пандов истакна дека во моментов во Македонија ништо не функционира.

Тој посочи дека во Македонија во време на корона кризата не функционира ниту образовниот систем, ниту економијата, ниту здравството, а владеачката СДСМ не прави ништо за да ја подобри состојбата.

-Ние ако тргнеме имаме завршена школска година на онаков начин како што заврши. Број 1 сме во Европа по број на заболени по број на починати значи здравството не ни функционира. Македонија мислам дека никогаш немала олкав надворешен долг, а како што гледаме ниту е почнато нешто да се работи. Огромен број на продавници се уште седат затворени. Страдаат занаетите, страдаат бизнисите, страда се, а ние имаме и понатака човек кој е лидер на партија кој што не прави ништо, вели Пандов.

Најнови вести