петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Во СДСМ нема никаква идеологија околу која би се задржале

Пандов: Во СДСМ нема никаква идеологија околу која би се задржале

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно?” која се емитува на Алфа телевизија, коментирајќи го неподржувањето на Декларацијата за Гоце Делчев од страна на СДСМ, рече дека и низ годините наназад, јасно е дека СДСМ нема никаква идеологија во нивната партија, посебно откако Заев ја презема партијата а Ковачевски го продолжи владеето, единствено што ги интересира е како да дојдат на власт, а потоа, откако ќе дојдат, како да се задржат.

– Нема тука некаква идеологија околу која би се задржале. Ние и во минатото го слушавме тоа од оној што им беше портпарол а сега градоначалник на Струмица – чуму ти е идентитет ако немаш пари.
Сега им е дадено на Бугарите, она што го сонувале да повторно Бугарија излегува на две мориња, односно Санстефанскиот сон. Оваа влада и претходната влада која што е подеднакво иста за мене тоа е континуитет, нема никаква разлика, појачана со ДУИ, со Османи, со Груби кои се главни преговарачи сега за нашиве национални прашања, за нашата историја и затоа мислам дека ако ова остане и понатака вака, мислам дека ќе нѐ донесат до тоа да нѐ направат Бугари. – рече Пандов.

Тој додаде дека во Македонија има квинслишка власт по дефиниција и дека ова се истите луѓе кои го донесоа Преспанскиот договор и овој сега, иако било толку многу укажувано од сите експерти во разни области, историчари итн. Пандов рече дека воопшто не му смета било која националност да е додадена во нашиот Устав освен Бугарите, затоа што тие не го признаваат нашето малцинство.

– Четиринаесет пресуди од Меѓународен суд за човекови права каде што се посочува дека постојат таму Македонци и не им го даваат нивното право. Дури повеќе, нивниот премиер, не сака да разговара едноставно, не сака да слуша околу било какво македонско малцинство. Е сега, тие нѐ негираат, најотворено ни вели дека не постојат Македонци и од наша страна нема ниту демарш, ниту нота.

Најнови вести