Во Македонија може да се каже дека имаше сенародна прослава без народ, организацијата на прослава на Илинден личи на се не само на сенародна прослава, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт при ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа коментирајќи го вчерашното одбележување на 2-ри Август, односно 120 години Илинден и 79 години од АСНОМ.
Според Пандов во контекст на празнувањето на Илинден има разлика во начинот на одбележување во однос на тоа кој е на власт.
„Кога било ВМРО-ДПМНЕ на власт имало сосема поинакво прославување на 2-ри Авгус. Сега државата не прави ништо за тој ден да се одбележи онака како што треба. Со начинот на тоа како настапуваат на одбележување на овој голем ден за македонија и за Македонците“, рече Пандов.
Пандов се осврна и на говорите на државните претставници по повод двата големи датуми за Македонија.
Во текот на обраќањата воопшто не го користеа зборот Македонија. Каква е таа прослава кога државните претставници не можат да го сторат тоа. Низ годините откако овие партии се на власт се бега од името Македонија“, кажа Пандов.
Пандов се осврна и на поддржувачите на оваа власт.
„Сфаќаат верувам и тие дека со таквите настапи и кај своите поддржувачи нема да имаат симпатии“, заклучи Пандов.
Пандов информираше дка за Илинденскиот марш немало разбирање од министерството за култура.
„Ние кга видовме каква е ситуацијата, од министерството немаше никаков интерес и ние одлучивме се да инвестираме сами“, рече Пандов.